ЗА НАС

Со промена на дел од софтверските параметри автомобилот може да ги подобри неговите перформанси. Понекогаш е потребно да се отстрани максималната брзина, да се отстрани DPF / FAP филтерот или пак да се затвори EGR вентилот. Според ова, чипот не се менува но се прават модификации на софтверот преку компјутерски монитор кој е поврзан преку дијагностички конектор OBDII . Потоа вчитувањето на фаилот се модифицира а потоа се зачувува во компјутерот. Во зависно од моделот на колата се применува OBD тунинг. Во некој ситуации моторниот компјутер побарува вчитување на софтверот на поинаков начин. За да се вчита OBD не се прават никакви хардверски промени на компјутерот од моторот. Постои и тјунинг бокс. Тоа е дел што се вградува и често се комбинира со чип тјунинг. Тоа е електронски уред кој испраќа сигнали кон еден или повеќе сензори.

ЧИП ТЈУНИНГ

Зборот Чип Тјунинг (Chip Tuning) претставува подобрување на перформансите на автомобилот без промена на моторни компоненти. Подобрувањето на перформансите се постигнува со промена на моторниот софтвер кој ја менаџира моторната функција. Зборот потекнува многу одамна кога оваа практика се применуваше во промена на чипови во самиот компјутер. Денес процедурата се завршува без да се менува чипот. Зборот ремапирање е многу посоодветен за оваа намена.

КОНТРОЛНА ЕДИНИЦА НА МОТОРОТ (ECU)

Контролната единица на моторот или ECU е интегрален дел од секој автомобил произведен од 2000 но и многу порано. Компјутерот од моторот ја мониторира целокупната функција на моторот и ја организира работата на сензорите. Со модерните дизел мотори, чип тјунингот се повеќе се практикува. Компјутерот од моторот во секој момент го контролира притисокот од турбините, притисокот на горивото, стартувањето на автомобилот и навременото вбризгување на горивото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *